Top Sport

Дончиќ со тројка од аут ги реши ЛА Клиперс, Бруклин во Сакраменто примија 153 поени

Кошаркарите на Далас Маверикс на домашен терен, испуштија предност од 25 поени против ЛА Клиперс, но на крајот сепак славеа минимална победа 103:101. Победникот го реши Лука Дончиќ со неверојатна тројка на 28 секунди до крајот на мечот.

Далас за малку ќе направеа од „готово вересија“. Клиперси целосно ја истопија нивната предност од финишот на првиот дел која изнесувае 54:29.

На крајот Дончиќ не дозволи неговиот тим да биде поразен. Постигна луда тројка, кога ја спаси топката да излезе надвор од теренот и потоа постигна тројка.

„Лука Меџик! Ова го може само тој“, викаше коментаторот.

Дончиќ мечот го заврши со 35 поени, 11 скока, пет асистенции. Ова беше неговиот 25. натпревар во кариерата со 35 или повеќе поени, 10 или повеќе скока и пет или повеќе асистенции. Словенецот е третиот играч во историјата на НБА кој одиграл 25 вакви натпревари пред својот 25. роденден. Претходно тоа им успеа на легендарните Оскар Робертсон и Карим Абдул-Џабар.

Изминатата ноќ Бруклин Нетс примија 153 поени од Сакраменто Кингс. Во секоја четвртина играчите на Сакраменто постигнаа најмалку 36 поени. Бруклин никогаш во историјата на франшизата не примиле толку поени во регуларниот тек од натпреварот. Од друга страна, Сакраменто по три децении успеа да постигне толку многу поени. Во 1993 година, Кингс против Бостон постигнаа 154 поени.

Теренс Дејвис постигна 31 поен, а Домантас Сабонис мечот го заврши со 17 поени и по седум скока и асистенции. Литванецот не промаши ниту еден шут (6/6 од игра и 5/5 од линијата за слободни фрлања).

Резултати:

Њу Орлеанс – Мемфис 113:102
Далас – ЛА Клиперс 103:101
Јута – Њујорк 111:118
Портланд – Сан Антонио 117:110
Сакраменто – Бруклин 153:121

Scroll to Top