Жестокиот медиумски напад на Кристијано Роналдо врз Манчестер јунајтед и понатаму е топ тема во Англија.
Деталите од експлозивното интервју на Португалецот со Пирс Морган се појавија откако првиот од двата дела од разговорот беше објавен во средата, а вториот ќе биде објавен вечерва.
Еден од најдобрите фудбалери во историјата, минатото лето, по 12 години се врати во клубот во кој се прослави.
Сепак, сега 37.годишната суперѕвезда е далеку од вистинската форма, поради што сезонава најчесто е резерва.
Роналдо, во интервјуто, откри дека почитува само тројца соиграчи, додека за помладите нема убаво мислење.
„Од играчите на Јунајтед, можам позитивно да издвојам само тројца. Диого Дало е многу професионален иако е млад и не се сомневам дека ќе има долга кариера. Тој е паметен, интелигентен и многу професионален. Позитивно можам да ги оценам и Лисандро Мартинез и Касемиро“, изјави Роналдо.
Особено ги критикуваше младите соиграчи.
„Младите фудбалери на Јунајтед не слушаат никого. Не почитуваат поискусни и постари играчи, живеат во друга ера. Морам да кажам дека мојот син кој има 12 години го нема тој менталитет. Младите играчи денес многу полесно доаѓаат до некои работи, воопшто не се мачат, гајле им е за се. Се преправаат дека слушаат, но тоа оди во едното уво, а од другото излегува“, вели Португалецот.
„Не ме чуди, но навистина е штета бидејќи пред себе го имаат најдобриот пример, а не се ни трудат да го следат“, додаде Роналдо.
Потоа објасни на кого точно мисли.
„Јас сум тој пример. Секое утро прв пристигнувам и последен заминувам од тренинг-центарот“, изјави Португалецот.
Watch the FULL Cristiano Ronaldo interview Part 1 now👇
— Piers Morgan Uncensored (@PiersUncensored) November 16, 2022