Поранешниот тренер на Пари Сен-Жермен и на Тотенхем, Маурисио Почетино вели дека би бил „отворен“ да стане селектор на англиската репрезентација во иднина, откако прогнозираше дека тимот на Герет Саутгејт се фаворити на турнирот заедно со неговата Аргентин, Франција и Бразил. Почетино признава дека му се допаѓа англискиот пристап кон фудбалот.
„Нивниот менталитет, тие се толку храбри, толку фокусирани кон нападот, што го провоцираат протвникот и сакат да доминираат. Не им е грижа кој тим е од другата страна. Ми се допаѓа нивниот пристап кон фудбалот, а имаат и многу добри играчи. Секако, моја врска со Англија секогаш била добра. Исто така имаме одлични врси со фудбалските академии, кои ги развиваат англиските, но и аргентинските фудбалери. Никогаш не се знае што ќе се случи. Отворен сум за сите можности“, вели Почетино во интервју за „Атлантик“.
Почетино, кој покрај Тотенхем, во Англија работеше и со Саутемптон, е без работа откако доби отказ од ПСЖ во јули 2022