Фудбалскиот клуб Глазгов Ренџерс го отпушти тренерот Џовани ван Бронхорст. Холанѓанецот една години ги предводеше „полицајците“.
Ван Бронхорст, во ноември минатата година го наследи Стивен Џерард, кој се пресели во Астон Вила. Една година подоцна двајцата останаа без работа.
Холанѓанецот забележа одлични резултати, стигна до финалето на Лига Европа и го освои националниот куп.
Сепак, оваа сезона работите тргнаа во негативна насока. Во првенството Селтик имаа 11 поени повеќе.
Покрај тоа, Ренџерс не победи ниту еднаш во групата во Лигата на шампионите и официјално стана најлошиот тим во историјата на ова престижно натпреварување.
„За жал, последните резултати не ги исполнија нашите или очекувањата на Џовани, па оваа одлука моравме да ја донесеме денеска со тешко срце. Сите во Ренџерс му посакуваат на Џовани голем успех во продолжението на кариерата“, изјави претседателот на клубот Даглас Парк.