Марко Асенсио сепак ќе остане во Реал Мадрид. Договорот на крилниот напаѓач истекува на крајот од сезоната.
Изминатите месеци, Асенсио се поврзуваше со неколку големи европски клубови, на крајот тој решил да остане на „Сантијаго Бернабеу“. Тој изјави дека е подготвен да потпише нов договор со Реал, откако Карло Анчелоти го убедил дека тоа е најдоброто решение.
„Да, точно е. Карло Анчелоти имаше големо влијание, почувствував дека ја имам неговата доверба, а јас би сакал да потпишам нов договор. Тоа беше клучно за да останам”, изјави Асенсио.
Се очекува по Мундијалот неговиот агент Жорге Мендеш и Флорентино Перез да најдат заеднички јазик околу продолжувањето на соработката.