Фудбалскиот клуб Рома денеска го официјализираше трансферот на Оле Солбакен. Крилниот напаѓач на „Олимпико“, дојде од Бодо/Глимт. Жозе Мурињо, минатата сезона, кога Рома играше до норвешкиот тим во Конференциската лига, може на дело да ги види квалитетите на Солбакен.
Договорот на Оле Солбакен истекува на 31. декември што значи дека тој официјално од 1. јануари 2023 година ќе биде член на Рома.
Досега оваа сезона, Солбакен постигна четири гола и додаде осум асистенции на 23 натпревари за Бодо/Глимт во сите натпреварувања.
Во кариерата за Бодо/Глимт, Солбакен постигна 20 гола и забележа 24 асистенции на 91 натпревар.