Еден од најпознатите холандски тренери, Дик Адвокат, се врати од пензија и го презеде кормилото на АДО Ден Хаг. 75-годишниот, Адвокат ќе го наследи поранешниот играч на Феенорд и Ливерпул, Дирк Кит, кој неодамна доби отказ.
Адвокатот како играч ја почна кариерата во АДО Ден Хаг, но интересно е што во својата долга кариера никогаш немал можност да го води овој тим.
Тимот пред две сезони си замина од Ередивизија, а лани беа блиску до враќање во елитата. Тие беа поразени во плеј-офот во судиското надополнување.
Тимот моментално се наоѓа на 17. место во Втората холандска дивизија.
Инаку, Адвокат беше селектор на Холандија, Обединетите Арапски Емирати, Јужна Кореја, Белгија, Русија, Србија, Ирак и клубовите ПСВ, Ренџерс, Сандерленд и Борусија Менхенгладбах.