Ромелу Лукаку имаше совршена шанса да им донесе на Белгија важна предност во мечот против Хрватска, но ја погоди стативата во најдобрата шанса за „ѓаволите“ на мечот.
Со влегувањето на напаѓачот на Интер, живна нападот на Белгија, но очигледно уште ја нема вратено својата посакувана форма. Неколку моменти подоцна, Лукаку повторно имаше одлична шанса за гол, но овојпат шутираше над голот (иако тој немаше да биде признаен бидејќи претходно Кевин де Брујне имаше излезено надвор од теренот). Жестоко!
🇧🇪 Romelu Lukaku’s shot from close range hits the post#BEL | #FIFAWorldCup
pic.twitter.com/fewAWH6E0v— Fast Footy Goals (@fast_footygoals) December 1, 2022