Гана очигледно има „страв“ од пеналите против Уругвај. Африканската репрезентација доби совршена шанса да дојде до водство против Уругвај, резултат кој ќе им гарантираше пласман во осминфинале, но обидот на Андре Ају заврши само во рацете на голманот Серхио Рошет.
За Гана ова е неславна реприза на СП во 2010, кога во контроверзен меч, Луис Суарез предизвика пенал со голманска интервенција, но нивниот обид од пеналот не беше успешен, а потоа африканската репрезентација беше елиминирана на пенали.
За иронијата да биде поголема во 26. минута, Луис Суарез беше клучниот човек кој донесе предност на Уругвајците, откако неговиот обид Гиоргиан де Араскета го пренасочи во голот за водство на јужноамериканците. За болката да биде поголема, Суарез повторно му асистираше на Де Араскета во 32. минута за удвојување на водството.
Кореја, пак, успеа да израмни против Португалија преку Ким Јонг-Гвон во 27. минута, но тоа не им доволно за осминафинале – вака Португалија е прва, а Уругвај е втор.
GHANA 🇬🇭 0-0 🇺🇾 URUGUAY
❌ 21' André Ayew failed penalty 🇬🇭
🧤 Sergio Rochet save#FIFAWorldCuppic.twitter.com/m1R4GobSgS— All goals replay (@goalsreplayg) December 2, 2022
GHANA 🇬🇭 0-1 🇺🇾 URUGUAY
⚽ 26' Giorgian De Arrascaeta 🇺🇾#FIFAWorldCuppic.twitter.com/eg9ezQYsST— All goals replay (@goalsreplayg) December 2, 2022
GHANA 🇬🇭 0-2 🇺🇾 URUGUAY
⚽ 32' Giorgian De Arrascaeta 🇺🇾#FIFAWorldCuppic.twitter.com/w6uOBVkNaz— All goals replay (@goalsreplayg) December 2, 2022
SOUTH KOREA 🇰🇷 1-1 🇵🇹 PORTUGAL
⚽ 27' Young-Gwon Kim 🇰🇷#FIFAWorldCuppic.twitter.com/jnkyq5qEBC— All goals replay (@goalsreplayg) December 2, 2022