Top Sport

Роналдо со асистенција за Јужна Кореја и со големо промашување

Кристијано Роналдо никогаш не се снаоѓал најдобро во позицијата на одбранбен играч.

Затоа можеби не е толку чудна неговата бизарна грешка со која дозволи Јужна Кореја да израмни на 1:1 на нивниот меч од последното коло во групната фаза. По корнерот на Корејците, Роналдо наместо да ја исфрли топката од шестнаесетникот, му ја подари на Ким Јонг-Гвон, кој без мака го совлада Диого Коста.

Во финишот на првото полувреме, пак, Роналдо на другата страна на теренот пропушти голема шанса за полувреме за заборав на CR7.

Scroll to Top