Коло Туре е новиот менаџер на Виган Атлетик. Поранешниот фудбалер на Арсенал потпиша договор со Виган на три и пол години.
Виган моментално се наоѓа на 22. место на табелата во Чемпионшип. Поради лошите резултати, на почетокот на минатиот месец, отказ доби Лијам Ричардсон.
Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска беше шампион со Арсенал во 2002 и со Манчестер сити во 2012 година. Во кариерата играше и за Ливерпул и за Селтик.
Тој беше асистент на Брендан Роџерс во Лестер, а со него во Виган доаѓаат и двајца членови на стручниот штаб на Роџерс, Кевин Бетси и Ашвир Јохал.
✍🏼 We are delighted to confirm the appointment of Kolo Touré as the Club's new First Team Manager!
Welcome to Wigan, Kolo 💙#wafc 🔵⚪️ #BELIEVE
— Wigan Athletic (@LaticsOfficial) November 29, 2022