Бразил е на пат да им нанесе катастрофален пораз на Јужна Кореја во осминафиналето на Светското првенство во Катар, откако по неполни половина час имаат предност од 3:0, покажувајќи колку се опасни пред противничкиот гол.
По Винисиус и Нејмар во првите 13 минути, овојпат во главна улога беше Ришарлисон, кој прво покажа фантастично жонглирање со глава, за потоа во одлично проигрување да ја матира одбраната и голманот на Кореја.
Потегот на Ришарлисон повторно беше прославен со танц, а овојпат дури и селекторот Тите се приклучи на своите фудбалери.
Тука не застанаа – во 36. минута од мечот, Лукас Пакуета успеа да зголеми на 4:0 за да најави долга вечер за корејските ривали.
Brazil 3-0
WHAT A GOAL BY BRAZIL! RICHARLISON!pic.twitter.com/JKPobYQP4Q
— Fast GøaIs (@i6astv) December 5, 2022
Tite celebration 🤣😂pic.twitter.com/Rzr1hvjHVO
— Cricket Master (@Master__Cricket) December 5, 2022