Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер вечерва (20.45 часот) ќе биде гостин на Бидасоа Ируна во натпревар од петтото коло во ЕХФ Лига Европа.
Тренерот Ларс Валтер смета дека Шпанците имаат одличен тим, но и дека битолчани имаат можност да приредат изненадување.
„Бидасоа Ирун е одлична екипа, играат добро одбрана 6-0 и 5-1, а одличен е и нивниот среден бек. Играат убав ракомет за гледање и сигурно дека не очекува интересен натпревар“, изјави Валтер.
Крилниот играч Ненад Костески верува дека Е. Пелистер има шанси за победа.
„Бидасоа Ирун е сериозен противник. Се подготвувавме овие неколку дена, ќе собереме сили и одиме во Ирун на победа. Напата форма е во нагорна линија, остваривме две победи досега на гостински терен, па зошто да не се обидеме да стигнеме и до трет триумф“, изјави Костески.