Формула 1 ја официјализираше одлуката, според која од наредната сезона ќе се возат спринт-трки на шест патеки. Во изминатите две сезони, се возеа по три спринт-трки.
Следната година вакви трки ќе се одржат во Азербејџан, Австрија, Белгија, Катар, САД и Бразил.
Да потсетиме, спринт-трките се возат во сабота и се долги 100 километри. Победникот добива осум бода, кои се бројат во борбата за вкупен пласман. Второпласираниот добива седум, третопласираниот шест и така до осмата позиција.
Квалификациите за спринт-трките се одржуваат во петок.
„Мислам дека спринт-трките се вистинско освежување. Видовме многу позитивни работи во изминатите две години и затоа решивме да го удвоиме нивниот број. Ова ќе донесе уште повеќе забава за тимовите, возачите и што е најважно за публиката“, изјави Стефано Доменикали, првиот човек на Формула 1.
Следната сезона од Формула 1 ќе започне на 5.март во Бахреин.
BREAKING: F1 Sprint venues confirmed for 2023!
Sprint is heading to Azerbaijan, Austria, Belgium, Qatar, Austin and Brazil#F1Sprint pic.twitter.com/TKzKnnjNhf
— Formula 1 (@F1) December 7, 2022