Реал Мадрид ќе обидува да му го распие на Челси трансферот на Јошко Гвардиол. Младиот дефанзивец игра брилијантно на СП во Катар, со што само си ја зголеми цената на фудбалскиот пазар.
Уште пред почетокот на СП, постоеја најави дека Гвардиол ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот. Во моментов рекордер е Хари Мегваер, за него Јунајтед на Лестер им платија 87 милиони евра.
Наводно, Челси е најблиску до неговиот потпис, за сума од околу 100 милиони евра, меѓутоа во целата приказна желба има да се вмеша Реал Мадрид.
Италијанските медиуми пишуваат дека Реал понудил 90 милиони евра за Гвардиола, по завршувањето на сезоната.
Италијанците додаваат дека Лајпциг нема ништо против трансферот на Гвардиол во Реал, доколку добијат 100 милиони за овој играч, односно пет пати повеќе од она што тие му платија на Динамо Загреб (18,8 милиони евра).
Од наредниот трансфер Динамо ќе добие 20 отсто, што значи дека само од Гвардиол клубот ќе заработи околу 33 милиони евра.