Кошаркарите на Црвена звезда го совладаа Партизан со 73:76 вo драматичен дуел во „Арена“ во 12. коло од Евролигата. Првото вечно српско дерби во историјата на Евролигата го добија „црвено-белите“ со тројката на Немања Недовиќ на две секунди пред крајот. Претходно, Кевин Пантер не реализира два удари за три поени за Партизанм кој на две и пол минути до крајот имаше водство од 71:65.
Но, Вилдоза постигна две тројки, а потоа и Недовиќ им пресуди на избраниците на Жељко Обрадовиќ.
Фенербахче ја декласира Алба во Берлин со 75:104, а Панатинаикос по продолжение ја доби битката со Олимпија Милано со 90:77. Макаби Тел Авив беше убедлив на домашен терен против Валенсија и славеше со 84:68.
NEMANJA NEDOVIC CALLS GAME IN BELGRADE 🤯🤯🤯 pic.twitter.com/Zc31o8bYkR
— Dionysis Aravantinos (@AravantinosDA) December 8, 2022