Хрватска повторно успеа да однесе еден нокаут меч во продолженија, стопирајќи ги сите напади на Бразил и на нивната прва ѕвезда Нејмар во првиот меч од четврт-финалето на Мундијалот во Катар, приморувајќи 0:0 по 90 минути игра.
Слично како и на претходниот меч против Јапонија, повторно херој на Хрватите е нивниот голман, Доминик Ливаковиќ, кој имаше најмалку шест одлични интервенции, фрустрирајќи ги Нејмар и Лукас Пакета во нападот.
По првото полувреме, во кое немаше многу акција, и Хрватска успеа да ја „затапи“ играта на „селесао“, во второто, Бразил почна да прави многу повеќе шанси пред шестнаесетникот на „коцкестите“, со Нејмар и Пакета во главна улога. Но, и покрај ова, Ливаковиќ успеа да ги одбрани сите обиди на голот за примора дополнителни половина час (15+15 минути).
Останува да се види дали тактиката на Хрватска да се оди на потенцијално изведување на пенали ќе се оствари.