По елиминацијата на Бразил од Хрватска во пенал-рулетот, се појавија многу критики кон изборот на пеналџии од страна на бразилскиот селектор Тите, посебно бидејќи прв на белата точка застана младиот фудбалер на Реал Мадрид, Родриго, додека Нејмар воопшто не шутираше пенал.
Лука Модриќ по славната победа на неговата репрезентација, го пофали својот соиграч од „кралевите“, Родриго, чиј поддржувач е постојано.
„Јас бев на негова возраст кога утнав клучен пенал на ЕУРО 2008. Мораме да го пофалиме што имаше храброст и поветеност да го изведе првиот пенал. Ова искуство само ќе го направи посилен“, изјави Модриќ.
Поранешниот германски репрезентативец, Јирген Клинсман, смета дека Тите згрешил што прв на белата точка не застанал Нејмар.
„Секогаш има различни пристапи од тренерите, но во последно време секогаш најдобриот изведувач на пенали го изведува првиот. За да го постави ритамот, да го смири тимот. Нејмар требаше прв да шутира, не да го чуваш за на крај за слава. Моментот беше на хрватска страна по израмнувањето и во тој момент во главата на Бразилците имаше страв бидејќи цела нација очекува да победиш и тогаш почнува паниката“, вели Клинсман.