Последниот четвртфинален натпревар на Мундијалот во Катар, дуелот помеѓу светскиот првак Франција и европскиот вице-првак Англија, ќе биде запишан како највредниот во историјата на спортот. Вкупната вредност на фудбалерите, на двете репрезентации, според Институтот за фудбалска историја и статистика (ЦИЕС), изнесува речиси три милијарди евра.
Уште пред почетокот на Светското првенство во Катар, ЦИЕС ги објави вкупните вредности на 32. репрезентации. ЦИЕС вредноста на англиската репрезентација ја процени на 1.500.000.000 евра, додека 26. француски репрезентативци вредат 1.340.000.000 евра.
На листата на ЦИЕС, Англија е на првото, а Франција на третото место. Бразил кој вчера испадна од Мундијалот е втор на листата. Вредноста на „селесао“ изнесува 1.460.000.000 евра.
Според истата научна анализа, највредниот фудбалер не само во двете репрезентации, туку и на планетата е Џуд Белингем со импресивни 202.000.000 евра. Според некои предвидувања неговата вредност по завршувањето на СП би можела да скокне до 250.000.000 евра. Малу изненадува податокот дека на оваа листа Килијан Мбапе е на четвртото место. Тој е проценет на 185.000.000 евра.
Речиси рамо до рамо со Белингем е Фил Фоден со 200.000.000 евра и тој е трет на листата на највредни фудбалери според ЦИЕС. Покрај Белнгме и Фоден кај селекцијата на Англија се издвојуваат Букајо Сака од Арсенал со 120.000.000 и Мејсон Маунт од Челзи со 100.000.000 евра.
Кога станува збор за Франција, го нема Кристофер Нкунку, кој е проценет на 120.000.000 евра, но тука е Орелијан Чуамени со 100.000.000, Едуардо Камавинга со 90.000.000 и триото Дембеле – Коман – Салиба кои според ЦИЕС вредат по 70.000.000 евра.