Top Sport

Проектил на Чуамени – Франција води протв Англија

Англија и Франција во овие моменти го играат последното четвртфинале на Светското првенство во Катар.

Французите од почетокот на мечот се многу поагресивни, успеаја да го наметнат својот ритам.

Подобрата игра ја крунисаа со гол во 17.минута. Упамекано освои една топка пред својот гол, ја влечеше топата добри 30 метри, а потоа речиси сите во нападот на Франција имаа по едно додавање, кога топката дојде до Чуамени тој од 25 метри упати прецизен удар кој заврши зад грбот на Пикфорд.

Scroll to Top