Top Sport

Кејн се израмни со Вејн Руни, Англија-Франција 1:1

Англија успеа да израмни против Франција во последното четвртфинале на Светското првенство во Катар.

На почетокот на вотриот дел Англија доби пенал. Стрелецот на водечкиот гол за Франција, Чуамени, направи фаул врз Сака. Бразилецот Сампајо веднаш покажа на белата точка.

Кејн, ја презеде одговорноста и не згреши, го совлада клупскиот колега Љорис во 54.минута.

Со овој гол, кејнсе израмни со Вејн Руни, кој беше најдобриот стрелц во историјата на англиската репрезентација.

Scroll to Top