Капитенот на Манчестер јунајтед, Хери Мегваер му се заблагодари на „фантастичниот“ селектор Герет Саутгејт за довербата која му ја пружи на Мундијалот, и предвидува дека Франција ќе ја освои титулата во Катар откако вчера со 2:1 ги елиминираа „трите лава“ во четврт-финалето.
„Видете, Герет беше фантастичеен со мене, фантастичен со секој играч во нашата репрезентација. Сигурен сум дека ако ги прашате сите фудбалери ќе ви го кажат истото. Начинот на кој овој тим е изграден и се подобрува во последните пет-шест години е неверојатен. Знам дека не е лесно да се биде англиски селектор, бидејќи секој потег е критикуван и секој избор е под сомнеж. Тој знае како да се справи со тоа, и знае да работи на тактиката. Пред четири години против Хрватска не направивме доволно за финале, овојпат загубивме, но го дадовме максимумот. Не победува секогаш подобриот тим“, вели Мегваер.
Тој смета дека Французите се апсолутни фаворити за титулата.
„Тие се светски шампиони и според мене, ќе ја одбранат титулата. Бевме подобри од нив во повеќе области, но тие се шампиони поради причина. Тие се исклучителни, безмилосни и имаат искуство“, оценува Мегваер.
Last night hurt. Absolutely gutted. Special thanks to Gareth and you amazing fans who kept belief in me. I love my country and I hope we made you proud. 🏴🦁 pic.twitter.com/8qd4rJcaIm
— Harry Maguire (@HarryMaguire93) December 11, 2022