Top Sport

Реал сакаат да го „грабнат“ Харначо за само 10 милиони евра

Реал Мадрид е надеваат дека ќе успеат да го „украдат“ талентот на Манчестер јунајтед, Аргентинецот Алехандро Харначо за само 10 милиони евра следната година, ако „ѓаволите“ не успеат да го убедат да го продолжи договорот.

Оваа сезона под Ерик Тен Хаг, Харначо доби вистинска шанса посебно по падот на формата на Џејдон Санчо, и Холанѓанецот признава дека го смета Аргентинецот за еден од најталентираните млади фудбалери од неговата школа. Харначо, кој е роден во Мадрид, не беше повикан од аргентинскиот селектор Лионел Скалони за СП, зголемувајќи ги шпекулациите дека може да се реши да игра за Шпанија, и Реал во тоа гледаат шанса да го убедат да се врати во својот роден град.

Харначо заработува само 5.000 фунти неделно во Јунајтед, кои се надеваат дека со висока плата ќе се обидат да го убедат да остане. Неговиот договор трае до следното лето, но клубот има опција да го продолжи договорот за уште 12 месеци.

Scroll to Top