Top Sport

За Мбапе очигледно Роналдо останува G.O.A.T.

Француската фудбалска суперѕвезда, Килијан Мбапе во минатото признаваше дека негов фудбалски идол е Кристијано Роналдо, како преку познатата фотографија од неговата соба облепена со постери на тогашната ѕвезда на Реал Мадрид, а сега по емотивната порака на Инстаграм на Португалецот, како да сакаше да го потврди статусот на CR7 како G.O.A.T (Greatest of All Time).

37-годишниот Португалец по поразот од Мароко, денеска се јави на социјалните мрежи со пост во кој призна дека сонот за СП е „завршен“, пост кој предизвика милиони лајкови и илјадници коментари.

Интересно, меѓу тие кои коментираа беше и Мбапе, кој постави три емотикони, од кои отскокнуваат круната и козата (goat), што посочува дека Французинот уште го цени Роналдо како најдобриот на светот.

Мбапе го „исфрли“ Роналдо од својата соба

ТОП 10 примери кога Мбапе го копира својот идол Роналдо

Scroll to Top