Рускиот фудбалски сојуз (РФУ) не е единствената спортска федерација во Русија која планира приклучување кон азиските федерации, вели советникот на рускиот претседател Владимир Путин, Игор Левитин.
Откако поголемиот број на континентални федерации ја блокираа Русија и Белорусија поради војната во Украина, претседаателот на РФУ, Александер Дјуков го информираше Путин дека се рзмислува за приклучување кон Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ), а сега Левитин открива дека ист план имаат повеќе спортски федерации, откко Олимпискиот самит донесе заклучок за можно приклучување на Русија кон азиските федерации.
„Самитот покажа дека олимпиското движење припаѓа на спортистите. Фудбалерите не се единствени кои планираат преселба во Азија. Светот се менува и важно е нашите спортисти да се натпреваруваат“, вели Левитин.