Фабио Квартаро ја повреди раката на тренингот во мотокрос. Не е невообичаено во текот на декември да пристигне вест дека некој од возачите на Мото ГП се здобил со повреда на патеката во мотокрос, а оваа година не е ништо поразлично.
По повредата која минатата недела ја заработи Андреа Довициозо, пристигнуваат вести и за повредата на Фабио Квартаро.
„Вчера имав пад на тренинзите во мотокрос и се здобив со мала скршеница на левата рака“, напиша возачот на Јамаха на социјалните мрежи.
„Не е потребна операција, само време за опоравување“, додаде Квартаро.
Yesterday I had a crash during my motocross training and I suffer a little fracture on my left hand.
No surgery needed, time to recover pic.twitter.com/43s3EX6IHn— Fabio Quartararo (@FabioQ20) December 12, 2022