Top Sport

Хрватите немаат дојдено први во водство на последните девет меча на СП!

Хрватска може да се пофали со едно финале и едно полуфинале во низа на Светските првенства, достигнување вредно за почит за нација од 4 милиони луѓе, но во исто време има една неверојатна статистика – „коцкестите“ не дошле први во водство на меч од Мундијалот на последните девет меча во низа.

На ова Светско првенство, Хрватите губеа од Бразил, Јапонија и Канада (покрај тоа што одиграа реми без голови против Мароко и Белгија), а пред овие пет меча, во 2018 година го загубија финалето од Франција, во полуфиналето Англија прва поведе против нив, исто како и во четврт-финалето (Русија) и во осминафиналето (Данска).

Последен меч на Мундијалите на кој тимот на Златко Далиќ прв дојде во водство беше против Исланд во групната фаза во 2018 година, кога Милан Бадељ даде гол. И тука не беше лесно – Исланд израмни, пред Иван Перишиќ да донесе водство.

Scroll to Top