НБА лигата ги ребрандираше и редизајнираше своите награди со помош на легендарниот Мајкл Џордан, во чија чест сега МВП трофејот ќе го носи името „Мајкл Џордан трофеј“.
Самиот Џордан во својата кариера освои пет МВП награди, кои до минатата сезона го носеа името на Морис Подолоф, првиот комесар на НБА лигата, но по шест децении лигата реши дека е време за промена. Новиот „Џордан трофеј“ е висок 23.6 инчи и тежок 23.6 фунти, во чест на Џордан – неговиот број 23 и шесте НБА титули со Булси, но не го претставува ликот на Џордан, кој го одобри дизајнот и не сакаше кошаркарите да добиваат трофеј со неговиот лик.
Покрај оваа промена, наградата за најдобар дефанзивен играч ќе се вика „Хаим Олајџувон трофеј“, дебитантот на годината ќе добива „Вилт Чембрлен трофеј“, најдобриот шести играч ќе го добива трофејот „Џон Хавличек“, додека најмногу подобрениот играч во текот на сезоната ќе добива „Џорџ Мајкан трофеј“.
Минатата година се преименуваа и други трофеи: Џо Думарс (за најфер кошаркар), Ред Ауербах (за најдобар тренер), Коби Брајант (Ол-стар МВП награда) и Лери О’Брајан (титулата на НБА шампионот).