Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави скратениот список на ракометари за Светското првенство 2023 година кое ќе се одржи во Шведска и Полска. На него се најдоа имињата на 23 ракометари.
Лазаров ќе ја изврши првата прозивка на 20. декември во хотелот „Александар Палас“ кога ќе биде означен почеток на подготовките за СП. Еден дел од подготовките ќе бидат реализирани во Маврово, а македонските ракометари ќе учествуваат и на турнирот „Кроација Куп“.
Македонија на стартот на СП ќе игра против Норвешка на 13 јануари, два дена подоцна е дуелот со Холандија, а во последното коло од групната фаза ќе се сретне со Аргентина.