Потрагата на нов клуб на Кристијано Роналдо може да стане проблематична поради тоа што постои „распад“ во односот со неговиот долгогодишен менаџер, Жорге Мендеш, тврди шпанскиот весник „АС“.
Роналдо е слободен играч откако го раскина договорот со Манчестер јунајтед по бурното интервју кое го даде кај Пирс Морган, по што 37-годишниот ветеран првпат во кариерата не е обврзан кон одреден тим и сега го чека јануарскиот преоден рок. Според „АС“, Роналдо и Мендеш веќе подолго време имаат различни идеи за неговата иднина, уште од времето кога тој сакаше да си замине од Јувентус, а дополнителен проблем претставува тоа што за Роналдо има малку опции во европските клубови.
За време на СП се шпекулираше дека тој ја прифатил понудата на саудискиот клуб Ал-Наср од 200 милиони евра по сезона и тоа со двеиполгодишен договор, но тој ги отрли тие шпекулации.