Интер би преферирале хрватскиот селектор Златко Далиќ да не ризикува и да не го постави Марцело Брозовиќ во игра во мечот за трето место на Светското првенство во Катар, откако 30-годишниот фудбалер од средниот ред „закачи“ мускулна повреда.
Брозовиќ, кој беше стартер во сите шест меча на Хрватска на Мундијалот, беше еден од најдобрите на теренот за „коцкестите“, но беше повлечен по само пет минути во второто полувреме во полуфиналето против Аргентина. Според италијанските медиуми, се работи за повреда на бутниот мускул, и иако не се работи за посериозен проблем, Интер се загрижени од влошување на повредата.
Брозовиќ веќе го пропушти целиот октомври за „росонерите“ поради слична повредa на мускулите.
Lukaku in gruppo ma salta il Betis | Brozovic, niente finalina mondiale #lukaku #brozovic #inter https://t.co/7No6dVyPJ9
— SportMediaset.it (@sportmediaset) December 15, 2022