Кошаркарот на Реал, Валтер Тавареш на натпреварот против Жалгирис стана најдобриот блокер во историјата на Евролигата. Инаку, Реал го загуби натпреварот во каунас со 81:72.
Центарот на „кралскиот клуб“, на вечната листа го престигна Брајан Данстон, против Жалгирис ја забележа 318. рампа во елитното кошаркарско натпреварување.
Данстон, асот на Ефес и понатаму е на 317, зад него е уште еден активен играч Кајл Хајнс со 295.
Таварес има 30 години и е член на Реал Мадрид од 2017 година.
Двапати беше во првата петорка на Евролигата, двапати беше најдобар дефанзивец во ова натпреварување, додека титулата европски првак ја освои во 2018 година.
The new 𝐀𝐋𝐋-𝐓𝐈𝐌𝐄 𝐋𝐄𝐀𝐃𝐄𝐑 𝐈𝐍 𝐁𝐋𝐎𝐂𝐊𝐒 is @waltertavares22 🏆
Tavares becomes the new leader with this rejection⛔️#7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/TeYjzC02cb
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) December 15, 2022