Четвртиот натпреварувачки ден на Светското првенство во 25. метарски базени во Мелбурн, донесе три нови планетарни рекорди.
Канаѓанката Маргарет Мекнејл, олимписка шампионка на 100 градно, ја помести границата од соништата на 50 грбно за две стотинки. Таа до златото стигна во 25,25 секунди.
Американската штафета 4 x 200 слободно, во состав Смит, Фостер, Џулијан, Киблер исплива 6:44.12 минути и го надмина светскиот рекорд на Бразил за повеќе од две секунди.
Планетарен рекорд постави микс штафетата на Франција во дисциплината 4 x 50 слободно мешано. Времето на новиот светски рекорд сега изнесува 1:27.33 минути. За Франција пливаа Грозе, Манадо, Гасталдело, Еник.
Јапонецот Даија Сето доминираше во 200 градно, а во истата дисциплина, во женска конкуренција, на тронот се искачи Американката Даглас пред многу попознатата сонародничка Лили Кинг.
Австралијката Лани Палистер ја продолжи доминацијата на долгите патеки. По златните медали на 400 и 800, таа победи и во трката на 1.500 метри слободно.