Top Sport

Надал се раздели со еден од тренерите

Рафаел Надал и неговиот долгогодишен тренер Франциско Роѓ ја прекинаа соработката.

Надал ја објави веста дека во иднина нема да соработува со стручњакот кој е со него од почетокот на неговата професионална кариера.

Франциско Роѓ почна да работи со Надал во 2005 година, а заедно со него ги освои сите 22 Грен слем трофеи.

„Сакам да ве информирам дека Франциско Роѓ го напушта мојот тим. Тој беше важна фигура во мојата кариера и многу сум му благодарен за сите години работа и пријателство. Кога почнавме да работиме заедно, бев дете и заедно со вујко Тони почнавме да одиме на турнири“, вели Рафа.

Шпанскиот тенисер верува дека Роѓ наскоро ќе најде ангажман.

„Франциско е одличен тренер, некој кој одлично го познава тенисот и многу ми помогна да станам подобар. Немам ништо друго освен пофални зборови за него, му посакувам се најдобро во неговиот нов проект“.

Надал продолжува да работи со поранешниот број еден Карлос Моја, кој е со него од 2017 година по заминувањето на Тони Надал.

Scroll to Top