Top Sport

Дресот на Меси од 1.000-тиот меч се чува во банкарски сеф

Австралискиот фудбалер, Камерон Девлин, кој го смени дресот со Лионел Меси во неговиот 1.000 меч во кариерата, откри дека го чува драгоцениот артефакт во банкарски сеф. Девлин, кој воопшто не влезе во игра во мечот на СП од осминфиналето помеѓу Австралија и Аргентина, успеа да го добие дресот и вели дека не сакал да ризикува.

„Дресот е заклучен во банка во Австралија, така што навистина не знам точно каде се наоѓа. Моето семејство го среди тоа и мислам дека така е најдобро. Во следните години ќе биде фантастично да се гледа тој дрес. Беше чудно да се смени дрес со Меси. Стоев покрај теренот и бев разочаран о поразот, но кога го видов како го постигнува голот во живо… Беше посебно“, вели Девлин, кој е фудбалер на шкотскиот Хартс.

Scroll to Top