Top Sport

Ништо не е готово! Два гола на Мбапе за израмнување во финалето

Кога изгледаше дека Аргентина е на десетина минути од својата трета светска титула, со убедливо 2:0 водство и доминација во играта, Франција покажа дека никогаш не треба да се потценуваат „триколорите“ и Килијан Мбапе со два гола за две минути успеа да израмни!

Никола Отаменди беше преупорен во дуелот со Коло Муани, за Шимон Марчијак без двоумење да покаже на белата точка. Мбапе, кој до овој дел од мечот беше успешно изолиран, успеа да израмни, иако аргентинскиот голман Емилијано Мартинез му го прочита ударот.

Ова беше шести гол за Мбапе на турнирот (со што се израмни со Меси), за неколку минути подоцна, да постигне одличен гол за да израмни на 2:2!

Scroll to Top