Серхио „Кун“ Агуеро не беше дел од аргентинската репрезентација која го освои Светското првенство во Катар, откако поранешниот напаѓач на Манчестер сити мораше да се повлече од фудбалот поради проблемите со срцето. Меѓутоа, Аргентинците се погрижија Агуеро, кој толку години го чинеше ударното дуо на „албиселесте“ покрај својот близок пријател (и цимер), Лионел Меси, да се чувствува како да е дел од тимот.
Агуеро беше дел од тренинзите на репрезентацијата, а по финалето се симна со својот тим, прво поддржувајќи го со навивачки тапан, за потоа да го добие и да го крене трофејот „Жил Риме“. Сосема заслужено!