Англиската фудбалска репрезентација повторно ги крена надежите на нацијата за голем успех, но беше елиминирана во четврт-финалето на Светското првенство во Катар (од Франција).
Но, „трите лава“, кои веќе се дома, ќе добијат трофеј од ФИФА, откако беа најдисциплинираниот тим и ја освоија наградата на ферплеј на ФИФА.
Тимот на Герет Саутгејт доби само еден жолт картон во четири меча на Мундијалот, со што беа најфер тимот на шампионатот пред Шпанците, кои исто така си заминаа предвреме (во четврт-финалето) и го завршија турнирот со два жолти картони. Единствениот жолт картон го доби Хери Мегваер, кој во 90. минута од четврт-финалето со Франција со лакт го удри во лице Антоан Гризман.
England head home from Qatar with World Cup trophy as Gareth Southgate’s Three Lions win Fair Play award#FIFAWorldCup | #Qatar2022 | #ThreeLionshttps://t.co/lXMV5Gaobo
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) December 18, 2022