Американскиот кошаркар и центар на Лос Анџелес Лејкерс, Ентони Дејвис, поради повреда на стапалото ќе паузира најмалку еден месец, објави ЕСПН. Дејвис се повреди на натпреварот против Денвер, ноќта меѓу петокот и саботата.
За време на викендот тој направи дополнителни тестови и беше утврдено дека го чека пауза од најмалку еден месец. Ова е лоша вест за Лејкерси, бидејќи Дејвис моментално се наоѓа на десеттото место на листата на стрелци во НБА со просек од 27,4 поени по натпревар. Дополнително, Дејвис има просек од 12,1 скока и 2,6 асистенции по меч.
Лејкерси моментално имаат скор 13-16 во Западната конференција.