Вчера во Катар, со триумф на Аргентина заврши 22. Светско првенство. Аргентина го доби пенал-рулетот против Франција со 4:2, откако по 120 минути игра беше 3:3.
Ден по завршувањето на Мундијалот, американскиот медиуми ЕСПН, излезе со прогноза што ќе се случува за четири години, кога СП ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
„Кој ќе го освои следното Светско првенство? Французите. Ако се сомневате во Франција, можете повторно да се обложите на оваа репрезентација. Килијан Мбапе тогаш ќе има 27 години, поддршка ќе има од голем број нови таленти, кои францускиот систем ги произведува. Но, Италија и Германија ќе имаат добри репрезентации во 2026 година“, се наведува во текстот на ЕСПН.
На следното Светско првенство ќе учествуваат 48 репрезентации, но се уште не е познат системот на натпреварување.
ЕСПН очекува за Килијан Мбапе и Норвежанецот Ерлинг Халанд да се борат за најдобар стрелец на СП 2026 година.
„Халанд ќе ја освои „Златната копачка“ доколку Норвешка се пласира на Светското првенство. Најдобар голман ќе биде Италијанецот Џанлуиџи Донарума, а најдобар млад фудбалер Германецот Џамал Мусиала. Најголемото изненадување на Мундијалот ќе биде Мексико, кој би можел да стигне до полуфиналето на Мундијалот“, прогнозира американскиот медиум.