Иско, на почетокот на сезоната пристигна во Севилја како големо засилување, а клубот го напушта по неполни шест месеци. Шпанските медиуми објавија дека фудбалерот и Севилја спогодбено ќе го раскинат договорот.
Иско дојде во Севилја минатото лето како слободен играч откако му истече договорот со Реал Мадрид. На неговиот трансфер инсистираше тогашниот тренер Хулен Лопетеги. На „Рамон Санчез Писхуан“, Иско не покажа ништо од своите квалитети. Очигледн, трага врз неговата форма оставија последните две сезони во Реал, во кои речиси и да не играше.
Целата ситуација за Иско стана уште полоша кога Лопетеги доби отказ. Како што пишуваат шпанските медиуми, во клубот не биле задоволни од напорите што ги вложиува Иско на тренинзите и натпреварите.
Иско е слободен играч, прашање е каде ќе ја продолжи кариерата, додека Севилја интензивно бара играч кој ќе го замени поранешниот шпански репрезентативец.