Top Sport

Феникс Санс продаден за рекордна сума

НБА франшизата Феникс Санс е продадена за рекордни четири милијарди долари. Покрај Феникс Санс,продаден е и женскиот клуб Феникс Мекјури.

Нов сопственик на франшизата стана милијардерот Мет Ишби, бизнисмен од САД, основач на фондот „United Wholesal Mortgage“, кој се занимава со хипотеки и недвижен имот.

Санс беа ставени на продажба откако сопственикот Роберт Сервер доби едногодишна суспензија и парична казна од 10 милиони долари. Тој е обвинет за расистичко и мизогинско однесување.

Инаку, најголемата продажба во историјата на НБА беше она во 2019 година, кога Џо Цаи ги купи Бруклин Нетс за 3,3 милијарди долари.

Топ 10 купувања:

1. Бруклин Нетс: 3,3 милијарди долари
2. Хјустон Рокетс: 2,2 милијарди долари
3. ЛА Клиперс: 2 милијарди долари
4. Јута Џез: 1,6 милијарди долари
5. Минесота Тимбервулфс: 1,5 милијарди долари
6. Торонто Репторс: 1,3 милијарди долари
7. Њујорк Никс: 1,1 милијарди долари
8. Атланта Хокс: 850 милиони долари
9. Њујорк Никс: 650 милиони долари
10. Милвоки Бакс: 550 милиони долари

Scroll to Top