Светските шампиони во бокс во тешка категорија, Британецот Тајсон Фјури и Украинецот Олександр Усик се договорија да се борат во првата половина од 2023 година.
Фјури и Усик ги имаат сите четири шампионски појаси во тешка категорија и ќе се борат за за титулата неприкосновен шампион. Фјури е шампион на ВБЦ, а Усик ги обедини титулите во ВБО, ВБА и ИБФ.
Се уште не е познато кога и каде ќе се одржи борбата, објави Скај спорт.
Борбата треба да се одржи во Велика Британија, но има и профитабилни понуди од Блискиот Исток.