Килијан Мбапе потврди дека е голем професионалец. Еден од најдобрите фудбалери на денешницата се појави на тренингот на ПСЖ само два дена по поразот од Аргентина во финалето на Светското првенство.
Во решавачкиот меч Килијан постигна три гола, но и тоа не беше доволно за триколорите да ја одбранат титулата светски првак.
Bonjour @KMbappe ! 👋☺️ pic.twitter.com/eQzV6F6Mz4
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) December 21, 2022
Мбапе реши да ја залечи тагата со тренинг. Ова враќање е вистинско изненадување бидејќи играчите кои беа на Светското првенство во Катар добија десет дена одмор пред да им се приклучат на своите клупски другари.
ПСЖ не проговори детално за тренинг програмата на Мбапе. Не е исклучено најдобриот стрелец на Мундијалот да го заземе местото во тимот веќе на дуелот против Стразбур на 28. декември на „Паркот на принцовите“.
🔙 Les retrouvailles entre @KMbappe et le coach Christophe Galtier 🔴🔵 pic.twitter.com/c1obTdeuFV
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) December 21, 2022