Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Матеус Куња ќе му се приклучи на Вулверхемптон на позајмица до крајот на сезоната.
Како што пренесува пореталот „Goal.com“, Куња ги договорил личните услови со Вулверхемптон, а во договорот е вклучена и обврската, по завршувањето на сезоната, англискиот клуб да го купи 23.годишниот напаѓач за 40 милиони евра.
Атлетико го донесе Куња минатата година од Херта за 30 милиони евра, но фудбалерот не се снајде најдобро и не е во плановите на тренерот Диего Симеоне.
Оваа сезона одигра 17 натпревари и не постигна гол. Тој минатата година дебитираше за бразилската репрезентација и одигра осум натпревари.