Top Sport

МЗТ Скопје загуби дома и од Сплит

Македонскиот претставник во АБА – лигата, тимот на МЗТ Скопје Аеродром доживеа уште еден пораз на домашен терен и тоа од директен ривал во битката за опстанок. Сплит оствари многу важен триумф (80:85) во Скопје и го остави МЗТ на дното на табелата со само две победи.

Последниот период Сплит го доби со 17:26 и го реши значајниот дуел во своја корист.

МЗТ Скопје Аеродром на полувреме имаше еден поен предност (41:40), а во последната четвртина влезе со четири поени позитива.

Војдан Стојановски постигна 17 поени во тимот на МЗТ Скопје, но немаше доволна поддршка од соиграчите. Кај Сплит, Доминик Мавра, кој во минатото го носеше дресот на МЗТ, постигна 23 поени и беше најефикасен на мечот, а солидни беа и Мате Калајџиќ (17 поени) и Шенон Шортер (16 поени).

Scroll to Top