Top Sport

Алфа Таури во февруари ќе го покаже новиот болид

Италијанскиот тим Алфа Таури ќе ја одржи промоцијата на новиот болид „AT04“ на 11. февруари 2023 година во Њујорк, објави Формула 1 на официјалната веб-страница.

Наредната сеона за Алфа таури ќе возат Јуки Цунода и Ник де Врис. Цунода ќе ја започне третата сезона во Формула 1, додека Де Врис светски шампион во Формула Е, ќе дебитира во Формула 1. Де Врис во тимот го замени Пјер Гасли, кој се пресели во алпскиот тим.

Италијанскиот тим се надева на подобри резултати со новиот болид, бидејќи падна од третото место во 2021 година на деветтото место во 2022 година во Формула 1 шампионатот за конструктори.

 

Scroll to Top