Top Sport

Четворица играчи на Јунајтед добија нови договори

Менаџерот на Манчестер јунајтед Ерик тен Хаг, потврди дека на четворица првотимци им се продолжени договорите до летото 2024 година. Клубот ја искористи опцијата што ја имаше и им ги продолжи договорите на Маркус Рашфорд, Лук Шо, Фред и Диого. Далот.

Сите четворица потпишаа основен договор со Манчестер Јунајтед до летото 2023 година, но во него беше вклучена и клаузула која му дозволуваше на клубот да ги задржи уште една година.

„Среќни сме затоа што тимот оди во вистинската насока, а овие играчи дадоа голем придонес во тоа“, изјави Ерик тен Хаг во пресрет на продолжението на Премиер лигата и гостувањето на Нотингем Форест во вторник на „Олд Трафорд“.

„Сакаме да ги развиваме и да ги поддржуваме овие играчи и сакаме да ги задржиме во нашиот процес. Составуваме тим за иднината, на долг временски период, и овие играчи мора да бидат дел од тој тим“, додаде шефот. тренер на Манчестер јунајтед.

Scroll to Top