Top Sport

Челси во потера по уште еден дефанзивец

Фудбалскиот клуб Челси, минатото лето на засилувања потроши 280.000.000 евра. Од оваа сума 187.300.000 евра, клубот вложи во реновирање на одбраната. Како одминува сезоната, во клубот не се задоволни како функционира дефанзивата, поради што планираат да донесат уште еден дефанзивец.

Минатото лето одбраната на Челси ја засилија Калиду Кулибали (38.000.000), супер талентираниот и исклучително скап Весли Фофана (80.400.000), како и левиот бек Марк Кукуреља (65.300.000).

Според новинарот на Атлетик, Дејвид Орнштајн, Челси работат на трансферот, на фудбалерот на Монако, Беноа Бадијашил. Лондонскиот клуб за францускиот репрезентативец на Монако му понудил 35.000.000 евра. Овој 21. годишен фудбалер, според „Трансфермаркт“ вреди 40.000.000 евра.

Челси се обидува да го искористи фактот што договорот на Бадијашил истекува во јуни 2024 година, а тој не сака да го продолжи договорот.

Бадијашил веќе има одиграно 136 натпревари за Монако, 106 од нив се во Лига 1. Ги помина сите јуниорски селекции на француската репрезентација, во септември оваа година дебитираше за тимот на триколорите, но не успеа да се најде на конечниот список за Светското првенство.

Scroll to Top