Легендарниот италијански селектор Фабио Капело внимателно ги следи фудбалските случувања ширум светот, а во опширно интервју за „Кориере дела сера“ коментираше и одредени детали од Светското првенство во Катар.
Поранешниот селектор на руската и англиската репрезентација не ја пропушти приликата да посочи дека Кристијано Роналдо е самиот виновен за се она што му се случува.
Капело го пофали Мароканецот Софијан Амрабар.
„На кој од великаните личи Амрабат? Тој многу ме потсетува на Џенаро Гатузо во однос на неговата техника, одлучност и вниманието да ја врати топката и секогаш да биде на вистинското место во вистинско време. И двајцата имаат многу технички квалитети“, рече Капело.
Не пропушти да го коментира и ексцентричното славје на голманот на Аргентина Емилијано Мартинез по освојувањето на титулата.
„Што да кажам за однесувањето на Мартинез? Будала“, додаде Капело.